Во првите шест месеци од 2012 година на аеродромите во Македонија е забележано зголемување од речиси 20 отсто на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година. Од двата патнички аеродроми во Македонија - аеродромот „Александар Велики" во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле" во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 337.888 патници што претставува пораст од 18,4 отсто. Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 8 отсто, односно 3.766 редовни линии во првите шест месеци од 2012 во однос на 3.487 кои биле реализирани истиот период минатата година. По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, континуирано се забележува раст на бројот на патници и летови, заклучуваат од МТВ.
Во првите шест месеци од 2012 година на аеродромите во Македонија е забележано зголемување од речиси 20 отсто на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година.
„Од двата патнички аеродроми во Македонија - аеродромот „Александар Велики" во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле" во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 337.888 патници што претставува пораст од 18,4 отсто", соопшти Министерството за транспорт и врски.
Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 8 отсто, односно 3.766 редовни линии во првите шест месеци од 2012 во однос на 3.487 кои биле реализирани истиот период минатата година.
По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, континуирано се забележува раст на бројот на патници и летови, заклучуваат од МТВ.